СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЏЕЗ МРЕЖАТА ФРАНЦИЈА – БАЛКАН

103
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЏЕЗ МРЕЖАТА ФРАНЦИЈА – БАЛКАН

Претставници од четири држави членки во проектот Џез мрежа Франција Балкан, остварија средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

На средбата, беа претставени и разгледани капацитетите и можностите кои општина Битола ги нуди за одржување на културните настани. Градоначалникот Коњановски потенцираше дека Битола е град на културата, особено во летните месеци, кога се одржуваат бројни настани во рамките на Бит Фест.

Присутните го запознаа градоначалникот со можностите за продолжување на оваа културна размена и во следните години, преку проект кој повторно ќе биде аплициран до француското министерство за надворешни работи.

Француско-Балканската џез мрежа, покрај заедничката соработка на градовите и џез фестивалите, има за цел да обезбеди заедничка размена на џез уметници, кои можат да земат учество на некој од фестивалите во градовите претставници – Дижон и Шамбери во Франција, Подгорица во Црна Гора, Ниш во Србија, Тирана во Албанија и Битола.

Општина Битола е претставник на нашата држава во Француско-Балканската џез мрежа, како поддржувач на битолскиот „Џез фактори фестивал“, а времетраењето на проектот се совпаѓа со одржувањето на фестивалот во Битола.

По одржаните сесии во Дижон во Франција, Тирана и Фиер во Албанија и Подгорица во Црна Гора, Битола е домаќин на четвртата по ред средба на претставниците од мрежата, со што воедно и завршува овој проект.

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЏЕЗ МРЕЖАТА ФРАНЦИЈА – БАЛКАН

The post СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЏЕЗ МРЕЖАТА ФРАНЦИЈА – БАЛКАН appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГрадоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства
Следно соопштениеОдлуката на Уставниот суд од јули 2022 против 60 часовната работна недела е основа за кривичен прогоон на Груби и Ковачевски заради штетниот договор