СРЕДБА НА ЛУКРОВСКИ И ВАРНС

81
СРЕДБА НА ЛУКРОВСКИ И ВАРНС

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска оствари конструктивна средба со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс. На средбата присуствуваа и секратарот на Општина Карпош, Мирјана Пехчевска и Розита Мреношки, советник за политички и економски прашања во Амбасадата на САД.

На средбата се разговараше за тековните проекти и приоритети во општината, за плановите за локалниот економски развој, како и за можностите за привлекување на странски инвестиции на локално ниво.

Денешната посета претставува зацврстување на пријателството и соработката помеѓу Карпош и САД во процесот на зајакнување на локалната самоуправа и демократизацијата, како и основа за продлабочување на односите со цел креирање на успешни локални политики во интерес на граѓаните.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПустош, уништени рудници, и празни акумулации оставија СДС во РЕК Битола, немаат легитимитет да говорат за енергетиката
Следно соопштениеФилипче: Болеста во нашето општество се вика криминал и корупција