СРЕДБА НА ЛУКРОВСКИ СО ФРАНЦУСКА АМБАСАДА

84
СРЕДБА НА ЛУКРОВСКИ СО ФРАНЦУСКА АМБАСАДА

Градоначалникот Сотир Лукровски оствари средба со Амбасадорот на Франција, советникот за соработка и културна дејност и директорот на Француското интернационално училиште во Скопје. На оваа прва средба се дискутираше за досегашното искуство од спроведените активности кои имаат за цел да го зајакнат изучувањето на францускиот јазик во општина Карпош кој во моментот се изучува во четири основни училишта. Исто така, во фокус на разговорот беа и проектите за развој на Француското интернационално училиште во Скопје (ЕФИС) како главен носител на повеќејазичното образование на младите.

Општина Карпош, во рамки на своите ингеренции и можности ќе се залага за што поголема мултијазична и квалитетна образовна понуда за младите од општината.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ ги осудува заканите и навредите кон новинарот на Канал 5 и граѓаните
Следно соопштениеНово ширење на влијанието на Орбан во Македонија сега и во енергетиката?