Нашата спортска делегација која престојува во Марибор- Словенија, на Европскиот Младински Олимписки Фестивал денес беше посетена од страна на Министерката за дигитална трансформација во Словенија, д-р Емилија Стојменова Дух. Министерката изрази големо задоволство што на овој Европски Фестивал има и Македонски тим и дојде специјално да ги поздрави делегацијата и тимот во Марибор.
Шефот на делегацијата Г-дин Дејан Мицкоски даде краток осврт во кои спортски дисциплини зедоа учество нашите спортисти а исто така беа разменети импресии за искуството кое се стекнува тука како и целокупниот престој во Марибор.