Средба со претставници на Билјард и Снукер федерациите

47
Средба со претставници на Билјард и Снукер федерациите

Во просториите на МОК вчера се одржа средба помеѓу претседателот Даниел Димевски, Генералниот Секретар на Билјард Федерацијата Горан Ѓурчиновски и претседателот на Снукер Федерацијата Лазар Лазаревски. 🎱 Повод беа значајните успеси во билјард, меѓу кои бронзата од Европското првенство за млади 🥉 и државната титула на супер талентираниот Андреј Ѓурчиновски, кој истата ја оствари на само 15 години и стана најмладиот државен првак во сениорска конкуренција. 👏 Тој лично ги претстави своите резултати и идни цели.

Претседателот Димевски ја истакна заложбата на МОК и ИОК за поддршка на билјардните спортови 🤝 како и потенцијалната нивна вклученост во програмата на Олимписките игри во Бризбејн 2032 година. 🏅 Ова претставува дополнителен мотив за развој на домашните натпреварувачи.

На состанокот беа разменети идеи за заеднички проекти: поставување тренинг-маси, иницијативи за поголема женска инклузивност, програми за ментална подготовка преку билјардот и поддршка за млади таленти. 🌟

МОК останува посветен на унапредување на спортот и спортските вредности во Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа хаосот со пензиите единствена вина има владата на Мицкоски која ги излажа пензионерите
Следно соопштениеГрадоначалникот Петар Јанков беше домаќин на учениците од четврто одделение од основните училишта во Струмица