Средба со селаните од Горно и Средно Коњари – бизнисот ја ништи природата по течението на Пчиња

125
Средба со селаните од Горно и Средно Коњари – бизнисот ја ништи природата по течението на Пчиња

Жителите на селата долж текот на реката Пчиња цела деценија се соочуваат со еколошка катастрофа која задира во квалитетот и условите за живот на ова подрачје.

Пратеникот во собранието, Борислав Крмов, членот на Президиумот Реџеп Исмаил и портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ вчера беа во посета на селата Горно Коњари и Средно Коњари каде плодното земјиште околу коритото на реката потполно е уништено при експлоатација на песок.

Во непосреден контакт со жителите од овие села, кои се соочуваат со неверојатен притисок од сите инстанци на власт, разговаравме за голготата која сите месни заедници по течението на реката ја поминуваат.

Под превезот на уредување на речното корито се врши предаторска експлоатација на песок која ја уништува плодната почва и ги контаминира подземните води кои селаните ги користат за пиење.

Левица е секогаш на страната на селаните, работниците и обесправените, и во отсуство на слух од централната власт, како и од градоначалниците на општините во ова подрачје, се залагаме за крајно решение, реставрација и одговорност за стореното.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

21.03.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРеакција: Црквата подалеку од женските права!
Следно соопштениеМитева: Власта нема поддршка за уставните измени од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нема да назначи членови и да учествува во работните групи