Средствата од “Коријадата” врачени на социјално загрозени семејства

173
Средствата од “Коријадата” врачени на социјално загрозени семејства

Како една од активносите по повод 68-от роденден на Општина Кисела Вода во паркот Шопен беше одржана традиционалната ,,Kоријада’’ од страна на Здружението на пензионери на Кисела Вода.

Истата има хуманитарен карактер бидејќи паричните средства што се обезбедија од продажбата на белите печива изработени од пензионерките, денес беа доделени на три социјално загрозени семејства.

Секој човек заслужува пристоен живот и можност за напредок и хуманоста ни помага тоа да го оствариме. Настаните како денешниот се значаен чекор кон изградба на поинакво и посигурно општество. Оттука, Општина Кисела Вода покрај континуираната поддршка и помош на семјствата од социјален ризик и понатаму ќе продолжи да организира слични проекти кои значат помош на оние на кои им е потребна, но и ја засилуваат солидарноста во заедницата.

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Побегуљата Данела да излезе и да си го собере ѓубрето, наместо преку нејзините пиуни да шири лажни вести за мои редовни средби со Бутелчани
Следно соопштениеМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е против измените на законот за ДДВ, добивка и солидарност, бидејќи владата сака да го полни буџетот на грбот на граѓаните, а потоа парите да ги краде во тендери