Станете дел од историјата на Вардар – клубот ги собира оригиналните дресови

68
Станете дел од историјата на Вардар – клубот ги собира оригиналните дресови

Ракометниот клуб Вардар започнува иницијатива за зачувување на клупската историја преку формирање на нова трофејна соба во рамките на салата „Расадник“.

Со оваа иницијатива сакаме да ги собереме и зачуваме оригиналните дресови со кои Вардар настапувал низ годините. Дел од нив веќе се наоѓаат во сопственост на клубот, но нашата желба е да ја комплетираме колекцијата и да обезбедиме што повеќе оригинални и добро сочувани дресови од различни периоди.

Секој дрес носи своја приказна. Тој е дел од некој натпревар, победа, генерација и емоција што го граделе Вардар како клуб. Затоа сакаме сите тие моменти да ги обединиме на едно место и да ги зачуваме за идните генерации.

Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери кои поседуваат вакви дресови, а се во добра состојба и со позната сезона од која потекнуваат, доколку сакаат да ги донираат, да не контактираат. Секој дрес ќе биде прегледан од клубот и ќе биде прифатен доколку недостасува во колекцијата или е во подобра состојба од постоечкиот.

Како благодарност, клубот ќе обезбеди:
– нов дрес или комплет
– сезонски билет
– VIP пристап во салата
– средба со тимот
– организирана тура низ салата и средба со ракометарите

Ова е можност секој навивач да стане дел од историјата на Вардар и да остави свој белег во клубот.

побарај не на:
е-пошта: contact@rkvardar1961.com
телефон : 070 936 601
пишини на социјалните мрежи

Вардар е повеќе од клуб.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНиколоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање
Следно соопштениеФилипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики