Стефковски: Нема да дозволам улиците да се полни со смет, вечерва организираме подигање на сметот во Гази Баба

159
Стефковски: Нема да дозволам улиците да се полни со смет, вечерва организираме подигање на сметот во Гази Баба

Почитувани сограѓани,

Неспособноста на менаџментот на институциите на градот Скопје повторно излезе на виделина.

Недостатокот на соодветно менаџирање на институциите под надлежност на град Скопје доведоа во состојба граѓаните во нашите општини да се соочат со проблем и не собирање на сметот од страна на ЈП Комунална хигиена иако сите ние како граѓани им плаќаме месечна такса.

Имајќи го предвид наведеното, остварив телефонска комуникација со градоначалниците на општините Илинден и Петровец, Александар Георгиевски и Борче Митевски со кои се договоривме да испратат камиони за собирање на сметот од контејнерите во општина Гази Баба.

Ја мобилизирав дел од администрацијата и целото ЈКП Гази Баба и во текот на вечерта ќе се превземат теренски активности за подигање на сметот.

Граѓаните пред и над се!

https://www.facebook.com/StefkovskiB/posts/pfbid02hVrW33oMx61PysRZzEdbWknKidBGw2sgx7mRxPfJ2WCxfFYT6mLfqDe8TkTfFTsTl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Вечерва на терен со работници од општина Бутел и со помош на работници и комунални возила од општина Велес ќе го чистиме ѓубрето од улиците насобрано заради несовесното работење на Арсовска
Следно соопштениеДа не дозволиме Кисела Вода и Скопје да тонат во смет, кога некој што треба тоа да го работи е неспособен