Стефковски: Силата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била во народот

26
Стефковски: Силата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била во народот

Посебно внимание ќе посветам на политиките што се однесуваат на рамномерниот регионален развој, поддршката на општините, младите, семејствата и создавањето услови за економски раст и нови инвестиции. Македонија мора да стане држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина, а секој граѓанин ќе има можност за достоинствен живот и личен напредок.

Воедно, сметам дека партијата мора постојано да се развива, да создава нови кадри, да ги отвора вратите за млади и стручни луѓе и да остане цврсто поврзана со граѓаните. Силата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била во народот, во членството и во способноста да ги препознае и решава проблемите на граѓаните.

Најважно од сè, ќе работам посветено за да ја оправдам довербата што ми е укажана. Функциите сами по себе не се цел, туку средство преку кое можеме да создадеме повеќе вредност за државата и подобра иднина за нашите граѓани. Тоа е обврската што ја чувствувам и тоа ќе биде мојот водечки принцип во работата како член на Извршниот комитет.

Линк од интегрален текст:

Стефковски: Силата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била во народот

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО КАРПОШ
Следно соопштениеСДС да ја ослободи СДММ од политичките стеги, младите се во фокус на Владата