Стоилковски: Ценовникот за 200% поскапа вода за земјоделството е уште еден удар на Владата врз земјоделците, одговорност мора да има

139
Стоилковски: Ценовникот за 200% поскапа вода за земјоделството е уште еден удар на Владата врз земјоделците, одговорност мора да има

Доволно говорат фактите дека браната Калиманци е полна , а овчеполието се исуши . Иста е состојбата и во Росоман, Градско, каде протокот на вода е помал речиси за половина пред санацијата таму. Со Николовски и со Ковачевски, штетите за земјоделството се долгорочни.

Вака портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за време на денешната прес-конференција одговори на новинарско прашање за проблемите со наводнувањето во земјоделието и донесениот нов ценовник за воден надомест кој е поскап за 200%.

„Прашање е зошто владата го криеше ценовникот за поскапа вода за земјоделството, донесена одлука во мај, а објавена во јули? Ова е уште еден удар врз земјоделството и за ова мора да има одговорност“, додаде Стоилковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКомисијата за образование и наука: Се работи на насоки и упатства се со цел да се надминат дилемите и недоразбирањата околу концепцијата односно реформите во основното образование
Следно соопштениеОвој 7 септември Струмица заедно со ,,GetExited” по втор пат центар на Балканот! – Општина Струмица