Стоилковски: Не е спорна локација каде што одмара Апасиев, туку неговата докажана лицемерност

240
Стоилковски: Не е спорна локација каде што одмара Апасиев, туку неговата докажана лицемерност

Негово право е, еве ќе речам и добро е што заминал на одмор. И изборот на дестинацијата не е спорен, ниту пак проблематичен. Но тоа што е спорно е лицемерието на Димитар Апасиев, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за одморот на Апасиев.

Стоилковски нагласи дека Апасиев е лицемерен и дека тоа е во фокусот на јавноста бидејќи од партија Левица постојано нагласувале дека 65 проценти од населението не може да замине на одмор ниту во Македонија поради сиромаштијата.

Заминува на одмор во луксузно летувалиште, додека над 65 проценти, според соопштение на Левица неговата партија, не може да заминат на одмор ниту во Македонија. И спорно е тоа што Апасиев не е прв пат лицемерен. На пример овој луксузен одмор може да го плати со уживањето со платата покачена за 78%.Или на пример со користење на службен луксузен автомобил со возач, наспроти приказните за скромен половен семеен автомобил, рече тој и додаде:

Оттука, јавноста верувам не ја интересира одморот, туку лицемерието и тоа е суштината на фокусот на јавноста.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски за МИА: СДСМ ја зголеми куповната моќ на граѓаните за 30%, споредбено со само 3% на ДПМНЕ
Следно соопштениеКовачевски: Имаме рекордни 753 милиони евра инвестиции, со членство во ЕУ стандардот на граѓаните ќе се зголемува