Стоилковски: Плашејќи се од изборите и она што следи по изборите, СДС и ДУИ надвор од процедура изгласаа амнестија за себе и за бројните неказнети криминални скандали

127
Стоилковски: Плашејќи се од изборите и она што следи по изборите, СДС и ДУИ надвор од процедура изгласаа амнестија за себе и за бројните неказнети криминални скандали

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за тоа како ја коментира изјавата на американскиот Стејт департмент дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија, тој истакна дека тоа е уште еден доказ за тоа што со денови ВМРО-ДПМНЕ го тврди дека СДС и ДУИ вон процедура изгласаа амнестија за бројните неказнети криминали.

„Ова е само уште еден доказ за тоа што со денови го тврдиме, дека СДС и ДУИ или ДУИ и СДС вон процедура, надвор од логика, изгласаа амнестија за себе и за бројните неказнети криминали и коруптивни скандали, плашејќи се од изборите и она што ќе следи по изборите. Но, едно ќе ветиме, а тоа е дека одговорност ќе има за сите“, посочи Стоилковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВласта 8-ми Септември го помина без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?
Следно соопштениеСо промашените политики на СДС реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022