Стоилковски: Поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“, ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија

78
Стоилковски: Поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“, ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“ и нема ништо официјално од истрагата, истакна дека поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“, ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија.

„Иако Онкологија ја тресе јавноста и е прашање од јавен интерес, по цели 10 дена ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали со кои сепак нема да го сруши предметот. И по 10 дена истите доктори, истиот персонал работат делуваат на клиниката. Истите партии кои што поставуваат директори на таа клиника се уште се на власт и со тоа може да влијаат на истрагата. И со сето тоа го рушат кредибилитетот на клиниката, се руши кредибилитетот на докторите во целост, се руши довербата кај јавноста и кон здравството и кон институциите и кон државата. Заради ова ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија од оваа истрага“, нагласи Стоилковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОДРЖАНА ТРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Следно соопштениеМицкоски на средба со Сарацин, реалните проблеми на граѓаните се тие кои мора да се решат