Стоилковски: Пред две години никој не зборуваше за гаранции, ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за Резолуцијата во американскиот Сенат

254
Стоилковски: Пред две години никој не зборуваше за гаранции, ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за Резолуцијата во американскиот Сенат

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на предложената Резолуција во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на предложената резолуција за заштита на македонскиот идентитет и ги охрабрува и другите институции и држави да донесат документи за поткрепа на многувековната македонската посебност.

„Дозволете ми да подвлечам дека пред две години никој не зборуваше за гаранции за македонската многувековна историска и културна посебност, и ова прашање и реакција се случува благодарение на ВМРО-ДПМНЕ која што го отвори и наметна прашањето во јавниот дискурс. Како ВМРО-ДПМНЕ даваме безрезервна поддршка на оваа Резолуција. Значајно е тоа што стратешките партнери имаат разбирање за македонскиот народ и нивната посебност и многу е важно ова прашање да добие што поширока поддршка, односно да ги поттикне и другите држави и европските институции да донесат документи преку своите институции во поткрепа на многувековната македонска посебност, историја, јазик и култура, односно со еден збор македонскиот идентитет“, нагласи Стоилковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНационален олимписки план за родова еднаквост
Следно соопштениеРезолуцијата во американскиот Сенат уште една потврда за државничките политики на СДСМ