Стоилковски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен уставни измени нема да има, на СДС им е потешко отколку на ДУИ да се откажат од Груби

82
Стоилковски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен уставни измени нема да има, на СДС им е потешко отколку на ДУИ да се откажат од Груби

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос за условените оставки од ДУИ и ставот на Артан Груби дека е подготвен да се откаже од 100 дена премиер Албанец истакна дека уставни измени со вакви фолирања нема да има а добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и потенцира дека потешко им е на СДС отколку на ДУИ да ја прифатат идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер.

„Уставни измени со вакви фолирања нема да има, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ако сака Артан Груби веднаш нека си поднесе оставка, но проблем не е само ДУИ туку и СДС да поднесат оставки, ама неотповикливи, и да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки. Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Во однос на  изјавата на Артан Груби мислам дека потешко им е на СДС отколку на ДУИ да ја прифатат идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер“, нагласи Стоилковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПосета на Хрватскиот Црвен крст во рамки на подготовките на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“
Следно соопштениеПотпишан договор за регионална соработка со националните друштва на Црвен крст од Албанија и Косово