Стоилковски: Унапредувањето на сопругата на првиот човек на Македонски Телеком се должи на блискоста помеѓу Ковачевски и Љушев

133
Стоилковски: Унапредувањето на сопругата на првиот човек на Македонски Телеком се должи на блискоста помеѓу Ковачевски и Љушев

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција во однос на случувањата во Македонски Телеком односно   унапредувањето на сопругата на генералниот директор која што станува директор на сектор потенцираше дека тоа се должи на блискоста на Ковачевски со Љушев.

– Jасно е дека се што е поврзано со СДС не е далеку од непотизам, корупција, криминал. Сето ова не е подалеку ниту од скандалот Паразити, серијата прес конференции за луѓе од СДС на позиции. Не е тајна блискоста на Љушев со Ковачевски, не е толку далеку и скандалот со претходното унапредување на сопругата, што е слика само за една атмосфера на неказнивост, самоволие и би рекол неморал, рече Стоилковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенес кај градоначалникот Костадин Костадинов беа во посета наградените ученици од СОУУД ,,Димитар Влахов” Струмица – Општина Струмица
Следно соопштениеОК на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: Од денешната посета на министерката Тренчевска, на јавноста и беше ускратена можноста да биде информирана до каде е проектот „Дом за стари лица“