Повеќе медиуми побараа став за темата наметната во јавноста, предлогот законот за родова еднаквост:
-Законот за родова еднаквост не е влезен во собраниска процедура и сега не би можеле да коментираме полу информации, рече наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.
Стоилковски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ дефиницијата за семејството е јасна.
„Семејството како заедница на еден маж и една жена кои споделуваат грижа за децата е природна форма на заедница. Не постои вистинска алтернатива на семејството. Во семејството се очовечува детето. Семејството има исклучително важна функција во општеството. И семејството како фундамент на општеството мора да ужива посебна заштита“, рече Стоилковски.