Стојаноски: Ние не поддржуваме уставни промени, на јавноста и е преку глава од замајувањето и тезите на ДУИ кои се потпросечни и со дупки, нека стават на гласање уставни измени и во еден ден ќе се види се

107
Стојаноски: Ние не поддржуваме уставни промени, на јавноста и е преку глава од замајувањето и тезите на ДУИ кои се потпросечни и со дупки, нека стават на гласање уставни измени и во еден ден ќе се види се

„Досадни се и неинвентивни одамна. Тезите им се како владеењето, слаби, потпросечни, со дупки. Но затоа пак истовремено се и арогантни исто како и лоповлукот што го демонстрираат“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Доста јавноста ја замајуваат со истите финти од типот дали Алијанса влегува во владата и сега кој има пратеници за уставни измени. Во меѓувреме умира 6 годишно девојче а тие заташкуваат истрага кој е виновен, Стејт Департмент ги прогласи за корумпирани, крах се случува во секоја сфера. Мафијашки пресметки како див запад станавме, рече Стојаноски.

Тој потенцира дека нема 1 задоволен во земјава од власта, како и дека има невидена скапотија, инфлација, а дека власта мисли дека ќе дефокусира од реалните проблеми на граѓаните и дека ќе замајува со тоа дали пратеници од овде или онде ќе гласале за промена на Уставот.

– Еве да ја затвориме темата нека стават на гласање и во еден ден ќе се види се, кој има пратеници и колку пратеници поддржуваат одредена идеја. На народот му е преку глава од вакви нивни превирања и надмудрувања и затоа сметам дека е потребна работа и решавање на проблеми а не измислување и замајување јавност, изјави Стојаноски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГи преброја ли Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за европскиот пат?
Следно соопштениеТрипуновски: Гоце Георгиевски претседателот на Комисија за земјоделие на СДС доделил 10.000 евра грант на татко му за семејна винарија, од политиките на СДС имаат бенефит само блиските околу нив