Струмичките ученици со силни пораки за поддршка и разбирање на лицата со попреченост

32
Струмичките ученици со силни пораки за поддршка и разбирање на лицата со попреченост

По повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ се одржа литературно – ликовна манифестација во организација на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, а во соработка со Здружението на деца со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.

Поводот за овој настан беше објавениот конкурс за литературни и ликовни дела за ученици од основните и средните училишта од Струмица и државата, а целта поттикнување на свеста за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со попреченост.

На конкурсот пристигнале вкупно 264 трудови од кои литературни 115, а останатите 149 се ликовни творби, преку кои учениците испратија пораки за пријателство, емпатија и колку е важно да се разберат луѓето околу нас. Награда и пофалба за творби со силен уметнички квалитет и емоционален израз доби СОУ „Јане Сандански“ со менторите Наташа Георгиева дефектолог и професорот по ликовна уметност, Митко Тошев.

На најдобрите им беа доделени награди, а програмата беше збогатена со инспиративни приказни и со музички настап на талентирани девојчиња.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА ЖЕНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА W16 СЛАВИША ДИМИТРИЈЕСКИ ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК ЗА ПОДГОТОВКА НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ
Следно соопштениеСДСМ има совет за Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски