Струмичките земјоделци ќе добијат откупно-дистрибутивен центар за сигурен пласман на производството – Општина Струмица

121
Струмичките земјоделци ќе добијат откупно-дистрибутивен центар за сигурен пласман на производството – Општина Струмица

Струмичкиот регион како најголем регион за производство на храна, ќе добие современ откупно-дистрибутивен центар.

Градоначалникот Костадин Костадинов со членови на Советот на општина Струмица, денеска во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија присуствуваа на потпишувањето на договорот за избор на консултантска фирма за изградба на откупните центри во Струмица и Ресен.

Откупно-дистрибутивниот центар во Струмица ќе претставува клучен објект во регионот на интензивно производство на зеленчук за којшто е потребно складирање и ладење, сортирање, пакување или подготовка за преработка.

Оваа инвестиција значи подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголеми вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, пред се во ЕУ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Груба лага е дека владата субвенционира одреден процент за струја на сметките на граѓаните, да престанат со злоупотреба и политички маркетинг
Следно соопштениеКовачевски: СДСМ е најактивна партија, зборувавме за успешните мерки и политики