СТУДЕНТИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СТУДИРААТ ЗА 200 ЕВРА НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

102
СТУДЕНТИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СТУДИРААТ ЗА 200 ЕВРА НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Општина Карпош  потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот Балкански универзитет, кадешто двете страни потписници ќе се залагаат за заеднички да дејствуваат и соработуваат во интерес на спроведување на аналитичка и истражувачка работа. Со овој Меморандум на соработка, студентите од Општина Карпош, преку одредени критериуми и услови, ќе имаат можност да студираат на овој Универзитет за 200 евра на годишно ниво.

                        Дел од условите се студентите да имаат минимум вкупен просек од 4.50 и да се подготвени да следат настава на англиски јазик. Студирањето се однесува во седум наставни програми, а секој заинтересиран студент, ќе ја одбере својата програма. Исто така, предвидена е и практична обука на студентите во општината и нивно доусовршување во практичната работа.

                        Меѓународниот Балкански универзитет е основан во 2006 година од страна на Фондацијата за образование и култура-Скопје. Основан е како единствен и непрофитабилен универзитет во државата и е место кадешто се среќаваат студенти од целиот регион, вклучувајќи ја и Турција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтоилковски: Ковачевски е заложник на ДУИ и на Ахмети, уставните измени веднаш да ги стави на дневен ред
Следно соопштениеЖителите на Градинар конечно добиваат фекална канализација долга 2.4 км