Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени

74
Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени

Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети.

Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, и никнаакорупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш.

Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на Рускоска која преку Кацарска и Трпков, си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана Уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката.

Тандемот Трпков, Кацарска пресудија над 200 години затвор за 27 април додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДС се распаѓаше по сите основи.

Да не се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со пртиворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и мивното политичко водење на случаите.

Ова не проаѓа без нивниот сиамски близнак, ЈО во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да си понесе одговорност затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара.

Затоа СДС се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски.

Затоа СДС не се откажува од своите политички кадри во судството.

Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈавноста досега не слушна ниту една конструктивна сугестија од СДС за Концепцијата за гимназиско образование
Следно соопштениеСообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.