Извонреден натпревар на кој настапија рекорден број на земји (58) меѓу кои и Македонскиот качувачки тим во состав Сара, Матеј, Јован и Владо.
За Матеј ова беше прво меѓународно натпреварување а за Сара прв сениорски светски куп.
Нашите натпреварувачи не изборија пласман во полуфиналето и продолжија со активните тренинзи во Бриксен и Брунек.
Шанса за подобар резултат ќе имаат за неколку дена заедно со целата светска качувачка елита која се сели во Инсбрук на последниот светски куп во болдер и прв во водство за оваа година.