ТАРАВАРИ, ФЕТАИ И ЌОКУ СО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО КОСОВО

31
ТАРАВАРИ, ФЕТАИ И ЌОКУ СО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО КОСОВО

Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово.

Беше примен од министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, со кого разговараа за соработката и заедничките институционални приоритети.

ТАРАВАРИ, ФЕТАИ И ЌОКУ СО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО КОСОВО

-Денеска, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, ја остварив мојата прва посета надвор од земјава, во Приштина, каде што се сретнавме со мојот колега Арбен Витиа. Со Арбен остваривме братски разговор за предизвиците во нашите здравствени системи и соодветните приоритети за наредниот период, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

На средбата ее договорено забрзување и продлабочување на соработката меѓу двете влади, како во здравството, така и во образованието и политиките за добро владеење и во кој било друг релевантен сектор за уште поголемо зближување меѓу двете земји.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2024 година – Општина Струмица
Следно соопштениеРеакција: Недоволна застапеност на жените на извршните позиции во новата влада