Томовски: 18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза

115
Томовски: 18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза

Игор Пехчевски, кој фотографиран со транспарент во болнички кревет обелодени за проблемот со недостиг на лекот „трикафта“ со кој се лекуваат пациентите со цистична фиброза, се уште не го добил лекот.
Проблемот како што кажува владата се 20 милиони евра кои се потребни за овој лек. Не се работи за недостиг на пари, туку за недостиг на способност и волја да се помогне.
Пари има. Само 18 милиони евра владата изгуби, и потроши на пропадната евро обврзница и тука се работеше за борбата на суети на министерот за правда кој го разрешија, и премиерот кој беше подготвен да пропаднат 18 милиони евра само да нема повредена суета.
Но таквата нивна лична игранка не го решава проблемот на Игор кој и понатаму нема добиено лек. 18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза. Ете толку се неспособни, алчни и криминални.

https://www.facebook.com/ivica.tomovski.94/posts/pfbid0Szeixw2Lb2QWASywZgnZ62DpoaUmuU9CVGDxP2xAN4MBHaQPYCuGLjxVFMDaTm65l

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПо лебот, намалени цени и на тестенините и млечните производи
Следно соопштениеНеспособноста на владата на Ковачевски доведе до целосен колапс во економијата, времените и задоцнети мерки допринесоа 17,1% инфлација во државата