Повеќе од три децении граѓаните на Република Македонија ги трпат последиците од корумпираното судство, неказнивоста и спрегата помеѓу политичката елита и криминалците. По бегството на Блерим Рамадани, обвинет за тероризам како припадник на терористичката УЧК и баран со потерница на Интерпол, одговрните лица, како во судството, така и во Министерството за внатрешни работи и Владата мора да преземат одговорност!
Случајот е проследен со директни признанија за политичко вмешување од коалиционите партнери на ДПМНЕ, ВРЕДИ, скандалозна судска одлука и низа „пропусти“ од службите на Министерството за внатрешни работи предводено од Панче Тошковски. Откако министерот за здравство – Таравари, скандалозно се пофали со пуштањето на Рамадани во куќен притвор и го претстави како „добиена битка“, индициите дека Рамадани има политичка поддршка да се врати на Косово јасно укажуваа дека е зголомена опасноста од бегство на Рамадани.
И покрај ова, Тошковски призна дека полицијата не поставила 24-часовно полициско обезбедување пред местото каде што осомничениот за теротизам го издржувал куќниот притвор, иако во скандалозната одлука на криминалниот судија Пајазити полицијата немала ограничувања во поглед на начинот на вршење на надзорот над куќниот притвор!
Со повремените посети од полицијата, Рамадани бил овозможен во одреден период од денот непречено да побегне и, очигледно без поголеми потешкотии, да остане незабележан од граничната полиција. Со бегството од Македонија, случајот за екстрадиција на осомничениот терорист криминално се затвора и завршува срамно за Република Македонија и државните институции.
Ваквото свесно непрофесионално постапување од страна на полицијата е јасен показател дека бегството на Рамадани е оркестирана операција помеѓу власта и правосудството, што е уште еден чин на поткопување на владеењето на правото и меѓународната позиција на државата!
Истовремено со овој случај, сведоци сме и на скандалозното постапување на граничната полиција при пропуштање на возилата во свадбарска поворка предводена од спикерот Африм Гаши без било контрола и континуирани мафијашки престрелки низ улиците на Скопје, што претставуваат дополнителни аргументи дека Министерот за внатрешни работи не е на висина на задачата и треба да понесе политичка одговорност на состојбите и случувањата во неговиот ресор.