Уште во 2022, советниците на Левица официјално побараа пристап до системот „е-урбанизам“, кој експресно беше одбиен од власта. По низа на укажувања, претходната недела, Левица повторно побара документација за ова градилиште од Секторот за урбанизам при Општина, а во однос на согласноста од ЈП Водовод и Канализација, која исто така не беше доставена од градоначалничката Стаменкоска до нас! ДПМНЕ свесно одлучи да ги држи клучните информации во мрак, блокирајќи ја секоја контрола врз урбаниот хаос, само за да ги заштити бизнис-шемите на своите инсталации во општината.
Трагедијата е уште поскандалозна бидејќи инвеститор е компанија поврзана со Ивица Коневски – лик кој истовремено фигурира и како адвокат на Општина Кисела Вода. Ова е класичен пример за тоа како функционира „коалицијата на профитот“: истите луѓе кои треба да ги штитат интересите на граѓаните, се појавуваат како газди на објекти каде што работници ги губат животите.
Овој систем на ротирање помеѓу јавни функции и приватни бизниси создаде опасна зона каде инспекциите се слепи, а надзорот е само формалност на хартија додека луѓе гинат во кал и бетон.
Додека Општината се претвора во неконтролирана бетонска џунгла, Левица нема да дозволи ова да помине како уште една статистичка грешка.
Бараме итно свикување на вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода и воведување на итен мораториум на градба за сите нови згради!
Одговорноста за овој случај мора да има име и презиме – и кај инвеститорот и кај оние во Општината кои со месеци ги блокираа нашите барања за увид во документацијата. Доста беше профитирање врз грбот на работникот и безбедноста на граѓаните!
