Трајан Ангелоски, претседател на ССК, на конференцијата „Know How – FOR OPEN BALKAN“ во Бања Лука

147
Трајан Ангелоски, претседател на ССК, на конференцијата „Know How – FOR OPEN BALKAN“ во Бања Лука

Здружението на млади економисти на Република Српска, со поддршка и под покровителство на Министерството за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска, се организатори на конференција под слоганот „Know How – ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН“  која се одржа во Бања Лука. Ова е петта година по ред како се организира ваков настан на кој се анализираат различни актуелни теми од сферата на дипломатијата, економската соработка и пазарните можности. Овогодинешната конференција е поделена на три панели:

• Отворен Балкан, можности и предизвици;

• Дали сме подготвени за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал;

• Глобални, европски и регионални иницијативи како развојна можност.

Ангелоски е учесник на вториот панел на оваа конференција „ Дали сме подговени за слободен проток на луѓе,стоки ,услуги и  капитал“ заедно со Бојан Станиќ помошник директор за стратешка анализа  Стопанска комора на Србија ,Горан Рачиќ Претседател на подрачната стопанска комора на Бања Лука и Георгие Михајловиќ од „Telegroup System“

„Отворен Балкан значи отварање нови перспективи на заедништво ,заеднички политички и економски раст ,поврзување и можност за долгорочен  развој и заеднички регионален пазар.Интернационализацијата  е тренд кој мора  да се следи за да се постигне и оддржи солиден раст и развој на бизнисите ,поради тоа работиме континуирано на отварање нови пазари на нашите компании и привлекување  инвестиции“ истакна Ангелоски.

Целта на годишната конференција е на едно место да се соберат претставници на институции и бизниси од земјите кои веќе се учесници во зоната Отворен Балкан, за да можат да ги споделат своите искуства и да учествуваат во дискусијата за поставените теми.

Конференцијата ја отвори претседателот на Владата на Република Српска, г. Радован Вишковиќ. Модератор на панелот е Маријана Раџевиќ, шеф на кабинет во Министерство за финансии во Република Српска.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС облече елеци за спасување со надеж да не се удават, но на избори ќе им се случи потоп
Следно соопштениеПо фрлената лопата на ДУИ и СДС за фабрика за електрични автомобили во Тетово, помина скоро една година, а до сега има само една празна нива