Тренинг за практична обука за итен трансфер на готовина

138
Тренинг за практична обука за итен трансфер на готовина

Во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ поддржан од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст и координиран од Црвениот крст на Србија, од 25 до 30 септември 2023 во Белград, Република Србија се одржа Тренинг за практична обука за итен трансфер на готовина.

Целта на тренингот беше да се зајакнат капацитетите на партнерите во проектот за спроведување на итен трансфер на готовина како елемент во примена на алатката за помош преку готовински трансфер.

На тренингот учествуваа 30 претставници од  партнерите на проектот како што се Црвен крст на  Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Покрај претставниците на партнерите во проектот учество земаа и  претставници од неколку национални друштва: Австриски ЦК, Дански ЦК, Американски ЦК, Канадски ЦК, Полумесечина на Киргистан, како и претставници на Меѓународна Федерација на ЦК и ЦП и Меѓународен комитет на ЦК.

The post Тренинг за практична обука за итен трансфер на готовина appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНема разлика во ДПМНЕ, има мал и голем Груевски, ист им е ставот за изолација
Следно соопштениеОпштина Струмица и Народниот правобранител имаат извонредна соработка – Општина Струмица