ТРЕТ РАБОТЕН СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ПРОЕКТОТ „ОДРЖЛИВИ УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ НА ЛОКАЛНО НИВО“

121

Во општина Битола, денес се одржа трет работен состанок на управниот одбор на проектот „Одржливи услуги за управување со отпадот на локално ниво“ Проектот се имплементира со поддршка од „SALAR International“ кој е дел од Шведската асоцијација на локални власти и региони. Во рамките на овој проект, во досегашниот период беше изготвен локален акциски план за управување со отпад за периодот 2024 – 2025 година, кој претставува важен документ за поддршката во процесот на преземање на конкретни мерки за подобрување на состојбите во општината. Во своето обраќање, градоначалникот на општина Битола, истакна дека општината, веќе реализираше голем дел од планираните активности за 2024 година. „Општина Битола, високо на листата на своите приоритети ја поставува грижата за животната средина, а со тоа и мерките и конкретните активности, кои ќе резултираат со мерливи индикатори за постигнатите резултати. Во системското делување, секако неопходна е меѓуинституционална организација и координација помеѓу сите вклучени субјекти, на локално и регионално ниво, со цел да може да се направи сеопфатна анализа, да се детектираат клучните проблеми во делот на управувањето со отпадот и согласно тоа, да се изврши соодветна приоритизација на целите кои треба да бидат постигнати со преземање на конкретни акции. Изработката на локалниот акционен план, токму во наведените насоки, врши детектирање на клучните недостатоци и проблеми во делот на управувањето со отпад, стратешки дефинирајќи го начинот на обезбедување услуги на што е можно повеќе корисници, воведување на систем за селекција на отпад и собирање на посебни текови на отпад, намалување на количините на органски отпад што […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Мануел Сарацин, средба во која се потенцираше важноста за реформските процеси
Следно соопштениеКрводарителни акции