Третата генерација учесници ја заокружија левичарската школа Левица

65
Третата генерација учесници ја заокружија левичарската школа Левица

Денес се одржа последниот модул од Третата левичарска школа со извонредното предавање на Љубомир Ѓоревски на тема: „Почетоци на социјалистичката мисла во Македонија и идејата за Балканска федерација”.

По предавањето следуваше свечено доделување на Сертификати за учество, успешно завршена политичка едукација и идеолошка надградба.

Овогодинешната Школа ја заокруживме со едукативна планинарска прошетка до местото викано ,,Палиснопје”, каде на денешен ден се одвивала последната битка од Илинденското востание.

Нѝ претставува огромно задоволство што и оваа година успеавме да го задржиме вмиманието на младите, да ја пробудиме нивната критичка мисла и да се разделиме со позитивни импресии и стекнати нови другарства.

Им благодариме на предавачите за нивните исцрпни предавања, како и на учесниците за нивната заинтересираност и активно вклучување во дискусиите.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМисајловски ја штити фирмата за храна која ги труе војниците Левица
Следно соопштениеПријавени неколку случаи на труење со храна во Армијата