Во Дојран се одржа настанот „Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција“ за соработка помеѓу приватниот, академскиот и јавниот сектор, организиран во рамки на проектот “SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings”, финансиран од Европската комисија.
Настанот е во организација на партнерите на проектот:
Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија, Регионален Бизнис Центар – Југоисточен плански регион и Euro Macedonian KIC Emkice.
![](https://i0.wp.com/chamber.mk/wp-content/uploads/2024/08/SebCove-2.1.jpg?resize=696%2C478&ssl=1)
На настанот присуствуваа високи претставници од јавниот, академскиот и приватниот сектор, вклучувајќи го :
– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација,
– Златко Перински, министер за локална самоуправа
– Горан Минчев, министер за јавна администрација
– Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија
– Драган Пехчевски, менаџер на проектот на ССКМ
како и професори од електротехничкиот, машинскиот, земјоделскиот и економскиот факултет при УКИМ, како и професори од универзитетот Св.Климент Охридски од Битола, Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје, Вардарски плански регион и 10 градоначалници од југоисточниот регион.
![](https://i0.wp.com/chamber.mk/wp-content/uploads/2024/08/SebCove-3.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Присутни беа и претставници на амбасадите на партнерските земји во Р.Македонија, како и претставничка од Европската Комисија и Евроамбасадата.
Свои обраќања имаа и експерти од Tesla Science Center во Њујорк, САД, Јапонија, како и престижни професори и истражувачи од различни универзитети и институти од Европа, Јапонија, и САД.
![](https://i0.wp.com/chamber.mk/wp-content/uploads/2024/08/SebCove-4.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во рамки на три панел-дискусии, учесниците имаа можност да разменат мислења и искуства за идните активности на SEBCoVE проектот, дигитализацијата, иновациите во паметните градови и села, како и трендовите во политиките за зелена и дигитална трансформација за локален и регионален економски развој.
SEBCoVE проектот, кој ќе се имплементира во следните три години во седум Европски земји, вклучуваjќи ги Грција, Португалија, Шпанија, Италија, Холандија, Германија и Македонија, е со вкупен буџет од 3 милиони евра.
Целта на овој проект е да се креира центар за извонредност “excellence center” за едукација и обука на млади, да ги поддржи паметните технологии и дигиталната трансформација како и енергетската ефикасност во јавните објекти, преку соработка на некои од најдобрите експерти и организации во Европа.