Трипуновски до Николовски: Како министер за земјоделство немаш со што да се пофалиш, но како антикорупционер имаш ДУРИ ЕДЕН УСПЕХ заплени 30 килограми путер

58
Трипуновски до Николовски: Како министер за земјоделство немаш со што да се пофалиш, но како антикорупционер имаш ДУРИ ЕДЕН УСПЕХ заплени 30 килограми путер

Срам ми е кога читам дека Љупчо зборува за земјоделците, замислете, истиот тој кој како министер речиси 7 години со прст не мрдна за решавање на проблемите на земјоделците.

Во негово време се случуваа протести секој втор ден, поради тоа што немаше сигурен откуп и цена на земјоделските проозводи, немаше вода за наводнување на земјоделските производи, немаше рамноправна распределба на земјоделското земјиште, немаше исплатени субвенции и најмногу поради арогантниот однос негов и на владата на СДС. Брзо заборави како го свиркаа земјоделците и го бркаа, но јас сум тука да го потсетам, кога веќе сака да зборува.

И се уште се мислам во која улога ми пишува дали како поранешен неуспешен министер за земјоделство или како поранешен антикорупционер. Ако ми пишуваш како поранешен министер за земјоделство, совет до тебе, подобро не се обидувај, фактите доволно говорат за тоа како го уништивте земјоделството.

Но, доколку ми пишуваш како поранешен антикорупционер, е таму Љупчо имаше ДУРИ ЕДЕН УСПЕХ (од толку криминал на владата на СДС) ти ни помалку, ни повеќе заплени 30 килограми путер со поминат рок на употреба.

Неславно завршува секој твој обид за манипулирање на земјоделците. Подобро повлечи се, твоето време заврши.

Промените се случуваат и тоа е повеќе од очигледно.

https://www.facebook.com/share/p/1A1HaXqfRQ/?mibextid=wwXIfr

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВизијата на ДУИ за Македонија е побратимување со измеќарите од СДС и продавање на македонскиот идентитет, рушење на институциите и пљачка на државниот имот
Следно соопштениеДенот во 60 секунди – Во првите 6 месеци извозот бележи поголем раст од увозот, учениците од Петровец новата учебна година ќе ја започнат во нова, современа спортска сала