Ученици од ООУ „Сандо Масев“ во посета на општина Струмица и градоначалникот Петар Јанков

50
Ученици од ООУ „Сандо Масев“ во посета на општина Струмица и градоначалникот Петар Јанков

Учениците од четврто одделение во ООУ „Сандо Масев“ денеска беа во посета на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков и општинската администрација.

Во опуштена и пријатна атмосфера помина средбата на градоначалникот Петар Јанков и учениците којашто се одржа во просториите на Младинскиот центар.

Градоначалникот Јанков максимално ја испочитува детската љубопитност и со посебно задоволство одговараше на прашањата за градоначалничката функција и работата на Општината, а им вети дека ќе ја направи Струмица поубаво место за сите, а посебно за децата.

Учениците престојуваа и во кабинетот на градоначалникот Петар Јанков, а посетија и неколку одделенија во општинската зграда.

Оваа посета е во рамките на практичниот дел по предметот Општество што го изучуваат учениците од четврто одделение во основните училишта.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСелекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за меѓународен турнир во Турција
Следно соопштениеОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО