УЧЕНИЦИТЕ ВО СЛУЖБА НА ЗАЕДНИЦАТА

14
УЧЕНИЦИТЕ ВО СЛУЖБА НА ЗАЕДНИЦАТА

Со многу ентузијазам, тимска работа и дружба, учениците од QSI INTERNATIONAL OF SKOPJE ја реализираа иницијативата „Ученици во служба на заедницата“ во рамки на програмата „Недела на учење надвор од училницата“.

Во соработка со Општина Карпош, детските градинки „Мајски цвет“ и „Пролет“ и ООУ „Лазо Трповски“, учениците учествуваа во активности за разубавување на просторот при што садеа нискожбунести растенија, фарбаа огради и реквизити и со тоа придонесоа за поубава и поуредна средина за децата.

Во акцијата учествуваше и претседателот на Совет, Христо Саракинов, давајќи свој придонес и пример за поддршка на ученичкиот активизам, соработката и заедничката грижа за општината.

Оваа иницијатива е уште еден доказ дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени во заедницата, со активизам кој води кон создавање на подобра и поубава средина за сите.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување за техничка исправност/неисправност на вода за пиење
Следно соопштениеФилипче: Новиот Закон за борба против корупцијата ќе ја врати довербата во правосудството