УЧИЛИШНА КОШАРКАРСКА ЛИГА ВО КАРПОШ

21
УЧИЛИШНА КОШАРКАРСКА ЛИГА ВО КАРПОШ

Во текот на вчерашниот ден, во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, уште попозната меѓу карпошани како салата „Партизан“, се одигра натпреварот за трето место помеѓу екипите на ООУ „Војдан Чернодрински“ и ООУ „Владо Тасевски“. Во исклучително неизвесна и динамична игра, кошаркарите од ООУ „Владо Тасевски“ успеаа да ја надиграат противничката екипа и со тоа да се пласираат на третото место на училишната кошаркарска лига.

Во понеделник (27.04.2026) закажан е финалниот натпревар во кој за прво место ќе се натпреваруваат екипите на ООУ „Јан Амос Коменски“ и Меѓународното приватно училиште  „ИПС -Македонија“.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Алушовски си поднесе оставка, Лембанов привремен тренер на Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеМакедонија забрзано изумира – Власта не е заинтересирана за младите и наталитетот Левица