УЧИЛИШНИТЕ ПСИХОЛОЗИ ОД КАРПОШ СЕ СТЕКНАА СО СЕРТИФИКАТИ

115
УЧИЛИШНИТЕ ПСИХОЛОЗИ ОД КАРПОШ СЕ СТЕКНАА СО СЕРТИФИКАТИ

Денеска  во ООУ „Јан Амос Коменски“ беа доделени 15 сертификати на училишните психолози од основните училишта на територија на Карпош, коишто учествуваа на дводневната обука на тема „ Психо – социјална поддршка на децата во училиштата“. Обуката ја реализираше лиценцираниот психолог и психотерапевт,  проф. д-р Драгана Батиќ, а основна цел беше стручните лица да се запознаат со пошироката примена на методи и техники, за психолошка поддршка и интервенција во криза, како би се намалиле последиците од стресните настани во училишната средина.

 

Со оваа стручна обука во чии рамки беа спроведени и четири работилници, беа постигнати и неколку специфични цели.  Имено, меѓу најважните аспекти на обуката беа запознавањето со реакциите на стрес кај децата на различни возрасти, разбирањето на модалитетите на соочување со стресот, справување и пружање на помош на основците по доживување на некој стресен настан, како и методологија на спроведување на психолошки дебрифинг.

  

Општина Карпош и понатаму ќе ги поддржува проектите од областа на образованието, со кои се подигнува свеста кај сите чинители во воспитно-образовниот процес. Токму затоа раководителката на Одделението за образование Емилија Арсовска ги врачи сертификатите на стручните соработници во училиштата.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВардар се засили со туниски интернационалец
Следно соопштениеМитева:Во животот, секој сам бира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец, министерке Петровска, се гледаме на суд