УК ЗА ПСИХИЈАТРИЈА ПРВ ЗДРАВСТВЕН ОБЈЕКТ КОЈ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ СО ГРАНТ ОД СБ ПРЕКУ ПЕ НА МФ

124

Објектот на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии, во соработка со Министерство за здравство. Градежните работи почнуваат на 15 мај и се очекува за пет месеци објектот да го добие својот нов лик.

Универзитетската клиника за психијатрија е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти кои треба да бидат опфатени со проектот во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објекти од централно ниво.

Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите и на локално ниво и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти особено се покажа за значајно во време на енергетска криза.

Инаку, во Универзитетската клиника за психијатрија преку проектот ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично.

За време на реновирањето пациентите од оваа Клиника ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“, за што овие установи имаат доволно капацитети. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“-Скопје.

Распоред за работа на клиниката за период на реконструкција во прилог

Бр. Одделение Институција каде е преместено Адреса на институцијата Контакт тел.
    1   ЕЕГ и биофидбек, ургентна амбуланта и конзилијарни прегледи за Универзитетски клиники Постојна амбуланта на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија-Скопје Ул. „Белградска“бб   075-456-917
    2 Детска и адолесцентна психијатрија-хоспитален дел ГОБ 8 Септември-Скопјe, оддел за психијатрија (8 кат) Ул. „Париска“бб Скопје   070-377-390
    3 Детска и адолесцентна психијатрија-Кабинет за невроразвојни растројства Завод за ментално здравје „Младост“-Скопје Бул. „Партизански Одреди“, бр. 60а Карпош 2     070-377-390
  4   Редовни амбуланти амбуланта Тафталиџе-Здравствен дом Скопје Букурешка бр.2, Тафталиџе   071-208-282
  5   Дневна болница Центар за ментално здравје „Идадија“-Скопје ул. Коле Неделковски 52, Сkопје   070-255-436
  6 Администрација на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух говор и глас Скопје   Ул. „Белградска“ бб   076-456-303

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШ ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ВО СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ
Следно соопштениеОдбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа – Општина Струмица