УЛИЦА „ЏУМАЈСКА“ СО НОВ ИНФРАСТРУКТУРЕН СЈАЈ

7
УЛИЦА „ЏУМАЈСКА“ СО НОВ ИНФРАСТРУКТУРЕН СЈАЈ

Целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај  улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман  Јосифовски – Питу. Станува збор за отсечка  на улицата која  се протега од раскрсницата  со ул. „Леринска“  до  раскрсницата со ул. „Брадфорска“, во должина од 517 метри. Со вкупна инвестиција од околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт, реконструиран е коловозот кој опфаќа ревитализација на асфалтната површина, замена на рабниците и замена на долниот строј.

Изведувач на градежните работи е „Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје“, а инвеститор  на овој комунален проект е Општина Карпош со проектант „ МГ Проект“, од Скопје.            

Општина Карпош продолжува да инвестира средства  во рамномерен инфраструктурен, урбан и комунален развој во сите  четиринаесет  урбани и месни заедници, кои се наоѓаат во нејзниот состав.   

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА М-20 ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА РАКОМЕТАРИ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ЕХФ НЕДЕЛА
Следно соопштениеРегионалните патишта се распаѓаат под товарот на камионите Левица