УЛИЦИТЕ НИЗ КАРПОШ ПОВТОРНО БЕЗБЕДНИ ЗА СООБРАЌАЈ

90
УЛИЦИТЕ НИЗ КАРПОШ ПОВТОРНО БЕЗБЕДНИ ЗА СООБРАЌАЈ

По пријава од граѓани кои се обратиле до полицијата, кои вчеравечер во своите возила биле затечени од лошите временски услови на патот кон Горно Нерези, командирот на полициската станица Карпош стапи во контакт и ги алармираше вработените од Одделението за заштита и спасување при Општина Карпош. Оттука, вработените административци, припадниците на полицијата и екипите на зимската служба која ја ангажираше Општина Карпош, веднаш излегоа на терен и интервенираа на соодветен начин. Имено, мештаните од Горно Нерези кои се движеле со возила по дождливиот коловоз кој поради ниските температури почнал да замрзнува, не биле во можност безбедно да стигнат до своите живеалишта. Во тој случај, административците од Одделението за заштита и спасување од Општина Карпош направија проценка на ситуацијата и ги насочија зимските служби, кои со својата механизација пристапија кон фрлање на индустриска сол на критичните точки. Во координираната акција која траеше по полноќ до раните утрински часови, зимските служби фрлаа сол на коловозот на потегот од Средно Водно, Горно Нерези и патот до комплексот Македонско село. Заради поголема безбедност на граѓаните, зимските служби во два наврати фрлија сол на патот кон Горно Нерези, кон селото Крушопек, како и на коловозот кон повисоките места низ населбите Жданец, Трнодол, Бардовци и долж улицата Ловќенска во населбата Козле.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори
Следно соопштениеСтоилковиќ како офицер за врски со СНС и путиновите „Ноќни волци“, дали сега е јасно?