Уметност родена од љубов, издржливост и надеж

80
Уметност родена од љубов, издржливост и надеж

Некои животни приказни не ги забележуваме веднаш, но еднаш кога ќе ги слушнеме, остануваат врежани во нас. Таква е приказната на Мартина Трајковска – млада уметница која преку сликарството пренесува емоции, надеж и искуства што зборуваат многу повеќе од зборови.

Мартина порасна во СОС Детско Село Скопје, каде што беше згрижена на само две години. Тоа беше нејзиниот прв вистински дом. Токму таму започна да се развива и нејзината љубов кон уметноста – тивко, но длабоко.
„Уметноста ми помогна да го најдам мојот внатрешен глас тогаш кога зборовите ми беа премногу слаби,“ споделува Мартина. „Таа ми стана прибежиште и начин да се изразам, без страв.“

Денес, на 24 години, таа е веќе афирмирана сликарка со неколку успешни изложби зад себе. Нејзините дела се полни со емоции. Тие го отсликуваат патот што го изодела: од дете без родителска грижа до самоуверена млада жена, цврсто посветена на својот талент и визија.

Како учесничка во меѓународниот проект Speechless Reconciliation (фаза 2), Мартина доби вредна поддршка за развој на нејзината уметничка кариера. Преку проектот, таа се стекна со вештини за самостојна презентација, поставување цели и креирање одржлив бизнис.

Во април годинава, Мартина престојуваше во Белгија, каде што сними професионални видеа и фотографии, и изработи бизнис план што ги дефинира нејзините следни чекори. Таму ги постави основите за понатамошен развој, со јасна цел: преку уметноста да обезбеди независен и достоинствен живот.
„Сакам преку моите слики да покажам дека од тешките почетоци може да никне нешто убаво – нешто што носи светлина, на другите и на мене,“ вели таа.

Како круна на досегашниот напредок, неодамна беше промовирана нејзината професионална веб-страница, каде што публиката може поблиску да се запознае со нејзиното творештво www.martinatrajkovska.art

На неа се презентирани избрани дела, информации за изложби и можност за купување на делата. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон поголема видливост и поддршка за нејзиниот понатамошен развој.

Приказната на Мартина не застанува тука. Во план се нови изложби – во земјата и надвор од неа, нови проекти и уметнички предизвици. Сепак, она што ја издвојува е нејзината посветеност, скромност и храброст со која чекори низ животот.

Нејзината уметност не е само визуелна. Таа е доживување. Таа раскажува. Таа поврзува.
И потсетува дека – таму каде што има љубов и поддршка, сè е возможно.

The post Уметност родена од љубов, издржливост и надеж appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСамо ЈО го штити и не го гледа криминалот на Филипче во модуларната, вработените во министерството знаеле, затоа и не сакале да ги потпишат договорот и анексот
Следно соопштениеКамп Speechless Reconciliation 2025 – Тишина што обединува, искуство што трансформира