УПРАВНИОТ ОДБОР НА МОК ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЕМОФ И ПОСТАВИ НАСОКИ ЗА ИДЕН РАСТ СО НОВ ТИМ

51
УПРАВНИОТ ОДБОР НА МОК ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЕМОФ И ПОСТАВИ НАСОКИ ЗА ИДЕН РАСТ СО НОВ ТИМ

Со цел да се задржи трендот на раст и развој, Управниот одбор едногласно донесе одлука за избор и именување на нов Генерален секретар, Ѓорѓи Тасев. Тој во своето обраќање најави визија за модерна, транспарентна и дигитализирана канцеларија и изрази благодарност за довербата. Претседателот Димевски истакна дека е неопходна нова енергија од млади луѓе. Во тој контекст, едногласно беа избрани и Петар Спасеновски – Раководител на сектор спорт, Елена Зисовска Апостолска – Шеф на кабинет, Александар Богоевски – Директор на СЦ Јане Сандански, Сашо Димитријоски – Член на Управен одбор, и Дејан Митровски – Комесар за безбедност.

МОК и претседателот Димевски изразија огромна благодарност до досегашниот генерален секретар Сашо Поповски и досегашниот спортски директор Владимир Богоевски за нивниот непроценлив придонес во издигнувањето на МОК во изминатите години. Како што беше нагласено на седницата, двајцата ќе останат во рамките на МОК, каде со своето знаење и искуство ќе продолжат да придонесуваат. Поповски ќе биде одговорен за комуникација со меѓународни организации, додека Богоевски ќе биде Советник за спортски прашања на претседателот Димевски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ го почитува изборниот молк
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Кузмановски и Митревски најдобри македонски ракометари за 2025 година