Вардар директно во групите од Лига Европа

23
Вардар директно во групите од Лига Европа

Во новата сезона Вардар ќе настапува во европските купив, и тоа во групната фаза од Лига Европа. Откако лани игравме квалификации, сега дојдовме до директно учество во ова натпреварување. Вардарци се единствениот клуб од Македонија што ќе игра во ова европско натпреварување.

На ждрепката што е закажана за 19 јули, Вардар се наоѓа во вториот барабан, заедно со уште осум други екипи.

Според пропозициите ќе има 8 групи по четири екипи, и во периодот од почетокот октомври до крајот на ноември ќе одиграме шест силни натпревари.

Според ранкингот објавен од ЕХФ, во истаиот барабан заедно со Вардар се уште и екипите на Горник (Полска), Констанца (Романија), Горење (Словенија), Татабања (Унгарија), Хафнарфјордур (Исланд), Татран (Словачка) и Кил (Германија). Тие екипи не можат да ни бидат ривали.

Од првиот барабан доаѓа еден можен ривал, а тука се екипите на: Флезбург (Германија), Порто (Португалија), Монпелје (Франција), Нексе (Хрватска), ГОГ (Данска), Кадетен (Швајцарија), Бидасоа (Шпанија) и Савехоф (Шведска)

Другите два ривали ќе бидат познати откако ќе се одиграат квалификациските натпревари, и ќе останат уште 16 екипи.

EHFEL Men System 2024 25

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВМРО-ДПМНЕ и Николоски да престанат да се правдаат на состојбата со буџетот, пари имаат за се
Следно соопштениеСкопјани страдаат заради нереализирани бизнис зделки меѓу Арсовска и Мицкоски