Вардар ги почнува подготовките на 17 јули

27
Вардар ги почнува подготовките на 17 јули

Подготовките за новата сезона ракометарите на Вардар ќе ги почнат на 17 јули во Скопје, за кога е закажан и првиот собир на тимот.

Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“. Потоа се заминува на планина, во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките.

Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.

Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 17 август, и во Охрид од 20 до 24 август. Се преговара за уште неколку други контролни средби со екипи.

Во меѓувреме се очекува ждрепката во Лига Европа, и противниците во натпреварите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОЈАСНУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ КОИ ГИ ВОДАТ ОПШТИНСКИТЕ ИНПЕКТОРИ ОД КАРПОШ
Следно соопштениеСпасовски: ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше пред изборите, сега сосема друго