Вардар го врати „своето дете“ Анастасовски

86
Вардар го врати „своето дете“ Анастасовски

Во новата сезона Вардар ќе има нов ракометар што настапува на позицијата од шест метри. По пауза од неколку сезони „црвено-црниот“ дрес повторно ќе го облече пивотменот Кристијан Анастасовски, кој е дете на Вардар.

Тој ќе биде замена за Михаил Аларов кој заминува од клубот на крајот од оваа сезона. Анастасовски во моментов е член на екипата на Тиквеш од Кавадарци каде со успех настапува и беше забележан неговиот напредок.

Покрај за матичниот Вардар, тој има настапувано и за екипите на Работнички, Охрид, Анжер (Франција) и Кастриоти (Косово). Анастасовски има настап и за младинската репрезентацја на Македонија на ЕП 2014 година. Неколкупати беше и на поширокиот список на сениорската репрезентација на Македонија.

„Чест и задоволство е да бидам дел од клуб каков што е Вардар. Таму ги почнав моите ракометни почетоци и среќен сум што сега повторно се враќам. Вардар е европски клуб со големи успеси зад себе. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу победи и успеси, изјави Анастасовски.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување на велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), за 2025 година
Следно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТЦИЈА КИРИЛ ЛАЗАРОВ ГО ОБЈАВУВА ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ПРЕТСТОЈНИTE КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ НАТПРЕВАРИ – Ракометна Федерација на Македонија