Вардар ќе игра во финалето на Купот на Македонија

56
Вардар ќе игра во финалето на Купот на Македонија

Во крајно неизвесен меч Вардар избори пласман во финалето на Купот на Македонија откако по изведување пенали го победи Алкалоид, 32-31. На ист начин како што лани Алаклоид победи, преку пенали, така сезонава Вардар врати, и се пласираше во финалето каде ќе се бори за својот рекорден 17 трофеј.

Вардар нмашпе почетно водство од 1-0, а потоа противникот ја презеде иницијативата и резултатот беше во негова корист. Алкалоид водеше со 9-5 што беше нивно највисоко водство. Вардар полека собра сила, мотив и ја топеше предноста, која дојде до 9-10, а на полувреме исто така еден гол негатива.

Се се смени во вториот дел, Вардар израмни, и потоа иимаше и предност од 27-25. Во самата завршница не реализиравме за ново водство, а ривалот тоа го искористи и израмни. Алкалоид го имаше последниот напад, но не упати удар.

Потоа следуваа пеналите во кои Вардар беше попрецизен.
Во пенал серијата, за Вардар погодија Георгиевски, Срдановиќ, Николиќ и Крсманчиќ. Голманот Еспиња ги одбрани ударите на Симоновски и на Дамјан Митев.

Вардар – Алкалоид 32-31 (28-28, 13-14)
ВАРДАР: Стојановски, Јагуриновски, Аларов, Стојановски, Георгиевски 1, Крсманчиќ 4, Фереира Еспиња, Танкоски 1, ЛАзаревски 5, Горига 2, Срдановиќ 4, Николиќ 4, Петриќ 3, Пинто 1, Борозан 7, Гогов.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината
Следно соопштениеФилипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!