Вардар направи„брејк“ во Битола и сега е лидер на табелата

71
Вардар направи„брејк“ во Битола и сега е лидер на табелата

По пауза од речиси три години Вардар повторно победи во Битола, и со новите бодови повторно е лидер на табелата по 5. одиграно коло од плејофот. Вардар триумфираше со 35-34 и има серија од 12 победи по ред.

Во последната секунда со голот на Дмитро Горига, Вардар се израдува на победата што може да биде многу значајна во следните пет кола. Вардар сега има 12 бодови на првото место, Еурофарм Пелистер е втор со 11 на втората позиција.

Вардар го отвори мечот со водство од 4-0, откако Крсманчиќ беше прецизен од пенал, а погодуваа и Лазаревски, Горига и Борозан. Првиот погодок на домашните кои промашуваа преку крилата во првите неколку акции, беше постигнат дури во седмата минута.
Вардарци ја одржуваа предноста од три до четири гола во продолжение, но следуваше налет на домаќините, кои намалија на 10-9. Истата приказна се повтори во уште два наврати до крајот на првиот дел, кога скопјани ќе поведеа со три или четири гола, а битолчани се враќаа на минус еден.

На стартот на вториот дел, шампионот за првпат израмни преку Манасков, 17-17, а потоа се играше гол за гол. Вардар лесно стигнуваше до голови, а Борозан имаше неколку атрактивни погодоци во серија.

„Црвено-црните“ отидоа повторно на плус четири, 24-20. Во следниот период ништо особено не се смени, Вардар одржуваше предност од еден до два гола разлика, но домашните израмнија на пет минути до крајот, 31-31. Во следната акција битолчани останаа без Абутовиќ, кој доби црвен картон поради остар старт над Борозан.

На стартот на последната минута Митревски одбрани шут на Горига кога беше 34-33, а битолчани тргнаа во напад за реми кој го реализира Кузмановски.

Останаа дваесетина секунди за играње, Милано побара тајм-аут, а Вардар преку Горига кој упати шут во послената секунда и погоди, се израдува на триумф во Битола, што го носи во пол-позиција за титулата.

Еурофарм Пелистер – Вардар 34-35
ВАРДАР: Јагуриновски, Аларов, Стојановски, Георгиевски 1, Родригез 1, Крсманчиќ 11, Еспиња, Танкоски 1, Лазаревски 5, Горига 7, Срдановиќ 2, Петриќ, Маргели, Ќосевски, Борозан 7, Гогов.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕдинствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот
Следно соопштениеДенот во 60 секунди – Распределени 334 милиони денари за проекти во МОН, исплатени 2.404.561.224 денари кон 14502 тутунари, укинати визите за ОАЕ