Вардар рутински преку Куманово – победничката серија продолжува

2
Вардар рутински преку Куманово – победничката серија продолжува

Екипата на Вардар 1961 ја продолжи својата победничка низа и во Суперлигата со сигурен триумф на гостувањето во Куманово. Иако настапи без неколку стандардни првотимци, „црвено-црните“ славеа со 32-25 (16-13), и уште еднаш ја потврдија својата доминација на домашната сцена.

Вардарци допатуваа во Куманово со 14 ракометари, без Малус, Борозан, Тузолана, Георгиевски, Танкоски, како и повредените Лазаревски и Стаменковиќ, но тоа не се почувствува на теренот. Квалитетот и дисциплината во играта донесоа контрола од првата до последната минута.

Тимот на Иван Чупиќ ја отвори средбата со серија и предност од четири погодоци. Куманово успеа само накратко да се доближи на минус еден (13-14), но Вардар веднаш одговори со нова серија и замина на полувреме со предност од три гола (16-13).

Во второто полувреме, тренерот Чупиќ им даде шанса на сите ракометари од ростерот. Пинто, Кавада, Марчинијак, Талески и Горига одлично ги искористија минутите, а Васил Гогов блесна меѓу стативите со двоцифрен број одбрани. Вардар веќе во 39. минута водеше со 23-16, а потоа и со максимални +10 (32-22).

Домаќините само успеаја да ја ублажат разликата во завршницата, но прашањето за победникот одамна беше решено.

Со оваа победа, Вардар останува непоразен и ја зацврстува својата позиција на врвот на табелата во македонската Суперлига. Тимот продолжува да ја гради својата форма и ритам пред следните натпревари на домашната и европската сцена.

ЗАПИСНИК од натпреварот – Kumanovo – Vardar zapisnik

Извор на соопштението

Претходно соопштениеШукова: Скопје ќе стане отворен и дигитален град
Следно соопштениеИнформација за за спроведување на проектот SEBCoVE Project (Паметна електрична енергија за згради) од центразлизираната Еразмус + Програма на Европската комисија-Брисел