Вардар со десетта победа по ред – „црвено-црните“ и понатаму совршени во Супер лигата

48
Вардар со десетта победа по ред – „црвено-црните“ и понатаму совршени во Супер лигата

Ракометарите на Вардар 1961 ја продолжуваат победничката серија во Супер лигата. Во рамките на 10. коло, нашите момци триумфираа на гостувањето кај Пролет со 36-27 (20-16), за десетта победа по ред и потврда на лидерската позиција со максимални 20 бодови.

Тренерот Иван Чупиќ комбинираше со составот, давајќи шанса и на помладите и на играчи кои досега имаа помала минутажа, но игравме и без шестмина стандардни ракометари – Еспиња, Лазаревски, Борозан, Боно, Тузолана и Талески, а Вардар уште еднаш го потврди шампионскиот карактер.

Дуелот започна изедначено, а домаќинот одлично го отвори натпреварот со висока реализација. Сепак, нашата екипа го одржа темпото и со серија во финишот на првото полувреме се одлепи на плус четири (18-14), предност што ја задржа до паузата (20-16).

Второто полувреме донесе препознатлив вардарски ракомет. Нашите момци го зголемија интензитетот во одбраната и темпото во нападот, што резултираше со сигурна контрола на резултатот. Разликата постепено се зголемуваше, а на средината од второто полувреме веќе беше јасно дека Вардар ќе ги освои бодовите.

Тимот ја покажа својата длабочина и квалитет – сите кои добија шанса ја оправдаа довербата и оставија срце на теренот. Во последните минути, „црвено-црните“ рутински го приведоа натпреварот до крај и ја потврдија својата доминација во првенството.

Оваа победа е уште една потврда за зрелоста, карактерот и тимскиот дух на Вардар. Нашите момци продолжуваат да чекорат по победнички пат со јасна цел – враќање на шампионската титула во Скопје.

Во следното коло, Вардар ќе го пречека тимот на Алкалоид во дерби-дуел кој ветува одличен ракомет и нови возбудувања за црвено-црната публика.

ЗАПИСНИК од натпреварот – Prolet – Vardar

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС е се уште во шок, нека се консолидираат бидејќи соопштенијата очигледно им се изнудена соло реакција на некој што не разбира политика
Следно соопштениеИсториски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС, граѓаните жестоко ги казнија политиките на Филипче под менторство на Заев